Како е поделена Европа?
Специфичната брегова разгранетост и природно-географските карактеристики на Европа се главни одредници за регионалната поделба на континетот. За регионалната поделба на Европа е карактеристично тоа што државите Казахстан и Турција имаат делови од своите територии на европскиот континент. Современа Европа се одликува и со здружување на државите на стопански, на културни и на политички основи. Таква е Европска Унија, која денес обединува 28 држави.
Вообичаено се издвојуваат регионите:
· Јужна Европа
· Западна Европа
· Северна Европа
· Средна Европа
· Источна Европа
Јужна Европа
Во Јужна Европа се вбројуваат териториите што се јужно од Пиринеите, Алпите и реката Дунав, поточно териториите на Пиринејски Полуостров, на Апенински Полуостров и на Балкански Полуостров, кои, главно, излегуваат на Средоземно Море. На Пиринејски Полуостров се наоѓаат државите: Кралство Шпанија, Кнежевство Андора, самоуправната зависна територија Гибралтар и Република Португалија.На Апенински Полуостровсе наоѓаат Република Италија, градот-држава Ватикан, Република Сан Марино и островската Република Малта. На Балкански Полуостров се наоѓаат државите: Република Македонија, Република Бугарија, Република Србија, Република Црна Гора, Република Косово, Република Романија, Република Грција, Република Албанија, Република Босна и Херцеговина и Република Словенија.
Западна Европа
Во Западна Европа се вбројуваат приморските и островските држави во Атлански Океан. Приморски држави се Република Франција, Големото Војводство Луксембург, Кралство Белгија и Кралство Холандија и островските држави Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Ирска.
Северна Европа
Северна Европа главно ги опфаќа териториите на Скандинавски Полусотров. Овде се наоѓаат државите: Кралство Данска, Кралство Шведска, Кралство Норвешка, Република Финска и островската Република Исланд.
Средна Европа
Средна Европа или Централна Европа ги опфаќа териториите на неколку континетални и две приморски држави. Тие се:Република Унгарија, Република Словакија, Република Чехија, Република Австрија, Кнежевство Лихтенштајн, Швајцарска Конфедерација, Федеративна Република Германија и Република Полска.
Источна Европа
Источна Европа просторно зафаќа најголем дел од територијата на Европа. Во неа главно се вбројуваат териториите на државите: Република Украина, Република Молдавија, Република Белорусија, Република Латвија, Република Литванија, Република Естонија и Руска Федерација (Европскиот дел).
No comments:
Post a Comment