Европа —
еден од седумте светски континенти.Името
Европа потекнува од асирскиот збор Ереб (заоѓање
на Сонцето,запад),со
кој Феничаните и Асировавилонците ги
означувале териториите на запад.Подоцна тоа име се проширило за целиот западен
дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија,
Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро,
областа Кавказ и со Црното Море на југоисток. Европа на север е обиколена со Северниот Леден Океан и
други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан,
на југ со Средоземното Море и Црното Море и со
други водни патишта на југоисток.
Сепак границите на Европа - концепт кој датира уште од антиката-се
произволни, бидејќи самиот поим континент може
да има културно или политичко значење
или пак физиогеографско.
Европа
е вториот најмал континент во
светот според површина, опфаќајќи 10.180.000 км² или 2% од целокупната површина
на Земјата или
околу 6.8% од земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е
најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ
Европа и низ Азија), додека Ватикан е
најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка,
со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.
Европа,
особено Cтара Грција,
е родно место на западната култура.
Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI. век па натаму,
особено по почетокот на колонизацијата.
Помеѓу XVI. и XX. век, европски нации ги имаат контролирано Америка, најголем дел од
Африка, Океанија и
големи делови од Азија. Двете светски војни во
најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири
настанати во средината на XX. век помеѓу САД и Советскиот Сојуз.За
време на студената војна,
Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на
запад и Варшавскиот пакт на
исток.
Праисторија
Homo georgicus,
кој живеел пред околу 1,8 милиони години во Грузија,
е најрано откриениот хоминид во
Европа.Останати остатоци од хоминиди, датираат од пред околу 1 милион
години, се откриени во Атапуерка, Шпанија.Неандерталец (именуван
по долината Неандертал во Германија) се
појвил во Европа пред околу 150.000 години, а исчезнува од фосилните записи
пред околу 30.000 години. Неандерталците биле протерани од денешните (Кромањонци),
кои се појавиле во Европа пред околу 40.000 години. Периодот на неолитска Европа—обележан
од одгледувањето на жита и
одгледувањето добиток,
зголемениот број на населеност и распространата употреба на
грчарството—започнал околу 7.000 п.н.е. во Грција и на Балканот,
најверојатно под влијание на Мала Азија и Блискиот Исток. Се
распространува од југоисточна Европа по долините на реките Дунав и Рајна (Култура
на линеарно грнчарство) и по Средоземното море (Техника имресо).
Помеѓу 4.500 и 3.000 п.н.е. овие централни европски неолитски култури се
развиле низ западот и северот, пренесувајќи штотуку здобиени вештини во
произведување на бакарни артефакти. Во Западна Европа неолитот не се
карактеризирал по големи агрикултурни живеалишта туку по земјени споменици, како насипи, гробни
насипи имегалитски
гробници. Културата на производство на секири
напреднала со преминот од неолит во енеолит.
За време на овој период огромни мегалитски споменици, како Мегалитските
храмови на Малта и Стоунхенџ, се
конструирале низ Западна и Јужна Европа. Европската бронзена
доба започнала
во доцниот трет милениум п.н.е. со културата на производство на пехари.Европската железно доба започнува
околу 800 п.н.е., со халштатската култура.
Колонизацијата на феникијци во
железно добата придонело за подем на раните медитерански градови. Раниот период
на железното доба на Италија и Грција од
околу VIII. век п.н.е. постепено придонело во подем на историската Антика.
Европа е
западниот полуостров на најголемата копнена маса на Земјата, која се нарекува Евроазија. Иако Природно е поврзана со Азија, поради
историските, културните, политичките и стопанските одлики се издвојува како
посебенконтинент. Во однос на екваторот се наоѓа на северната хемисфера, а во
однос на почетниот меридијан со поголемиот дел од територијата се простира на иточната полутопка. Се простира меѓу Средоземно Море на југ иСеверниот Леден Океан на север и меѓу Атлански Океан на запад и планината Урал на исток.
Географската
положба на Европа и овозможува излез на Атлантски Океан и на Средоземно Море. Благодарение на Гибралтарски Проток и на Суецки Канал се одвива најмасовен поморски сообраќај во светот. Оддалеченоста од Африка е 14 км кај Гибралтар и 140 км кај Сицилија, а
врската со Азија преку Суецки Канал, Босфор и Дарданели и пепосредната граница спрема Азија (со должина
од околу 4000 км, од кои 3300 км се по планината Урал и рекатаУрал и уште
околу 700 км до удолината Манич) за Европа обезбедуваат централна географска положба во
светски рамки. Во прилог на тоа е и комуникацијата на Европа со Северна Америка преку Атлантски Океан, на одалеченост од околу 5900 км.
Територијата на Европа
се одликува со разновиден релјеф. Во
основа, предвидуваат низински и планински релјефи. Низините во Европа зафаќаат
околу 84% (60% се простори од 0 до 200 м, 24% се од 200 до 500 метри надморска
височина),а само 16% е ридско-планински релјеф со над 500м надморска височина. Најкарактеристична
е Источноевропска
Низина која од планината
Урал и Касписко Езеро на исток непрекинато
се простира преку северните делови на Средна Европа, а потоа покрај западниот брег продолжува до планините Пиринеи. Ги зафаќа
и источните делови на Скандинавски Полуостров и поголемиот дел од териториите на Велика Британија и Ирска. Како
посебни се издвојуваат Панонска Низина,посредниот тек на Дунав, меѓу Алпите, Карпатите и Динаридите,потоа Влашка Низина во долениот тек на реката Дунав меѓу Трансилвански
Алпи и планината Балкан и Ломбардиска
Низина во Северна Италија. Наведените низини се главни средишта на населеност, густ
сообраќај, комуникации и развиено стопанство во Европа. Во оваа смисла осовено
е карактеристична Прибалтичка
Низина меѓу реките Лаба и Њемен.
Планините во Европа
зафаќаат околу 16% од територијата. Тие не претставуваат компактна целина. Се издвојуваат
неколку планински системи, кои главно се наоѓаат јужно од западниот дел на Источноевропска
Низина. Географски
најкарактеристични се Алпите со највисокиот
врв - Мон Блан (4.810м), од каде што кон југ се
протегаат Апенините со врвот Гран Сасо(2.914м) Динаридите со врвот Маја и Езерце (2.694м) и Шарско-пиндиските
Планини со врвот Голем Кораб (2.764м), Стара Планина или Балкан со Ботев врв (2.376м) планините Родопи со врвот Мусала (2.925м).
Како посебни се издвојуваат Скандинавски Планини,Француски централен масив, Пиринеите и повеќе
планински масиви на Пиринејски Полуостров. Планински масиви се присутни и на поголемите планини Етна на Сицилија (3.269м), Ватнајекидл на Исланд и Силоритис на Крит.Комуникацијата
меѓу големата европска низина на север и Средоземјето се одвива низ неколку покарактеристични природни отвори и
превали. Такви се: превалот Бренер на Алпите (1.372 м)
кој ги поврзува Германија и Италија, отворот
по реката Дунав помеѓу Бугарија и Виенкиот
Басен, приморските рабови на Пиринеите, Ѓердапска
Клисура меѓу Панонија и Влашка Низина и други. На територијата на Европа се развиени повеќе типови
релјеф, како: особено изразен флувијаленн, абразвиен, глацијален и карстен
релјеф, со поголем број котлини, висорамнини и платоа, како и песочни дини.
Според географиската положба,
територијата на Европа се наоѓа во умерениот климатски појас. Во зависност од
географската широчина, влијанието на океаните и на морињата, правците на
движење на морските струи, правците на протегање на планинските системи,
надморската височина на релјефот и правците на дување на ветровите - климата во
Европа е разновидна.
Териториите на Европа, главно северно од повратникот, со островите Исланд, Нова Земја и други - се одликуваат
со супполарна клима. Териториите покрај бреговите
на Средоземно Море се одликуваат со медитеранска клима со температури до 40°С во лето
и просечни врнежи од околу 750 мм годишно. Просторот меѓу овие два појаса се
карактеризира со типична умерена клима, која во западните делови под
влијание на Атлански Океан (поради морската топла Голфска струја) е поблага, додека одејќи кон исток
во внатрешноста на континентот (пoд влијание на континенталните влијанија на
просторното азиско копно) е релативно постудена. Во источната зона од Шведска и Финска и северните делови од
територијата на Русија до Црно Море и Касписко Езеро има големи температурни
разлики. На север се присутни изразито ладни, снежни и ветровити зими, а
на југ - жешки и суви лета.
Меѓу западната и источната климатска зона во Европа под влијание на
планинските масиви се јавуваат разни модификации на климата: од медитеранска,
умерено континентална до типична планинска клима карактеристична за Алпите,за Пиринеите,за Карпатите,за Динаридите, за Скандинавски Планини и други.Во крајните
југоисточни делови на Европа, во услови на мали врнежи и релативно повисоки
температури, се чувствува полупустински климатски тип. Таа е особена карактеристична
во Прикасписката Низика.Општа карактеристика за климатските услови во Европа е
тоа што врнежите се намалуваат движејќи се во правец од западните делови кон
исток, (кои се под влијание на Голфска
морска струја)..
Европа изобилува со голем број реки и езера. Реките течат кон околните мориња и
океани, поточно, им припаѓаат на Атлански слив, Балтички слив, Северноледен слив, Средоземен слив и Црноморски слив. Дел од нив, како на пример Волга, Урал и други, му припаѓаат на затворениот слив на Касписко Езеро.
Вододелницата се протега од Гибралтар, преку Перинеите, Југоисточна
Франција, Шварјцарија, Германија, Чехија, меѓу Полска иУкраина, Белорусија и северните делови на
европскиот дел на Русија. Во однос на оваа главна
вододелница, скоро сите реки одАтлански слив течат кон север и северозапад, така што рамномерно распоредени по
целата Европска Низина од Урал доПиринеите.
Најпознати реки што се влеваат во Атлантски Океан се: Гвадалкивир, Гвадијана, Тахо, Дуерои Мињо на Пиринејски,Полуострв,потоа Гарона, Лоара и Сена во Франција, Рајна и Лаба во Германија. Во Балтичкото Море се влеваат Одра, Висла, Њемен, Западна Двина и Нева. Во сливот на Северниот Леден
Океан
покарактеристични се реките Северна Двина и Печора. Според карактеристиките на речниот
систем во средоземноморското сливно подрачје, се издвојуваат непосреденСредоземноморски
слив
и Црноморски слив.Во Средоземно Море се влеваат реките Ебро и Рона, а во рабните мориња се влеваат повеќе реки: на пример,
во Јадранско Море покарактеристични се
реките По (Италија), Цетина, Неретва, Бојана и Дрим на Балкански Полуостров, а во Егејско море - Вардар, Бистрица, Струма и Марица. Во Црноморски слив припаѓаат големите реки, како
што се Дунав, Днестар и Днепар и Дон преку Азовско Море. Тие зафаќаат голема сливна
површина.
Особено се истакнува Дунав со правец на речниот тек
од запад кон исток и многу развиен слив. Извира
на планината Шварцвалд во Германија, па преку Австрија ги поврзува Панонска Низина и Влашка Низина. Има должина од 2.850 км, со
површина на сливот од 870.000 км². Внатрешниот затворен слив на Касписко Езеро, покрај другите, од еврпоската
територија ги опфаќа сливовите на реките Волга и Урал. Волга со 3,530 км е најдолагата река во Европа, со
површина на сливот од 1.380.000 км².
Поради климатските прилики, реките во Европа највисок водостој имаат
во зима и во пролет. Поголем дел од наведените реки се
пловни, уредени за пловидва и меѓусевно поврзани со пловни канали, така што Европа
има повеќе од 100.000 км речно-каналски пловни патишта. Попознати каналски
системи се каналите што ги поврзуваат Волга со Дон (поврзаност наЦрно Море со Касписко Езеро и Москва), Балтичко Море и Бело Море (преку езерата Ладогаи Онега),каналот Мителланд кој ги поврзува Рајна, Везер, Лаба и Одра. Во Франција сите пловни реки се поврзани
меѓу себе и со реката Рајна, така што економскити значење на
реките, покрај потребите за вода за пиење, во земјоделството, во индустријата и
во енергетиката е мошне големо и во сферата на сообраќајот и транспортот,
размената на стоки и услуги.
Езерата во Европа се многубројни,
ное релативно мали по површина. Зафаќаат околу 135.000 км². Најкарактеристични
се карело-фински езера на север, каде што се среќаваат околу 60.000
езера со околу 72.000 км² површина. Езерата Онега и Ладога и јужношведските езера се
најголеми во Европа. Дел од природните езера се наоѓаат на Алпите, на Родопите и на Карпатите. Покарактеристични се: Геневско Езеро, Боденско Езеро, Циришко Езеро,Бледско Езеро, Бохињско Езеро, Охридско Езеро, Преспанско Езеро итн. Постојат голем број
вештачки езета што се користат за пловидба, за наводнување и за производство на
елетричната енергија.
Мочуриштата во Европа се
најраспространети во примотските делови на Холандија и наГерманија спрема Северно Море и во прибрежните делови
на Северниот Леден
Океан.
Во Европа има и површини под ледници, околу 120.000 км². Се наоѓаат
претежно во областите на Арктикот, Скандинавски Полуостров, Исланд и на Алпите.